Токсичен сируп против кашлица/Фото: EPA/KAUSHIK SARKHEL

Индија: Сопственик на компанија за сирупи против кашлица уапсен поради смртта на 17 деца

Индиската полиција го уапси сопственикот на „Сресан Фарма“, компанијата што произведува сируп против кашлица поврзана со смртта на најмалку 17 деца, изјави висок полициски службеник.

Според Ројтерс, С. Ранганатан, сопственик на компанијата со седиште во јужната индиска држава Тамил Наду, која го произведувала сирупот, бил уапсен во среда во Ченај и се очекува да се појави пред суд.

Децата, сите под петгодишна возраст, починаа минатиот месец откако консумирале сируп против кашлица што содржел токсична супстанца диетилен гликол (супстанца што се користи како растворувач, антифриз и слично во индустријата) во количини речиси 500 пати поголеми од дозволената граница.

Смртните случаи се поврзани со  сирупот „Колдриф“ на „Сресан Фарма“ , кој е забранет во неколку делови од Индија откако тестирањето потврди присуство на токсичната супстанца.

Според законот, индиските фармацевтски компании мора да тестираат секоја серија суровини и готовиот производ.

Извозот на сируп против кашлица бара дополнителна серија проверки во лаборатории одобрени од владата по смртта на повеќе од 10 деца во Гамбија, Узбекистан и Камерун поврзани со индиски сирупи во 2023 година.

Светската здравствена организација (СЗО), исто така, изјави дека неодамнешниот случај истакнува „празнина“ во надзорот на лековите што се продаваат во Индија и предупреди дека некои извози можеби се случиле неофицијално.

Индија: Истрага против производител на сируп против кашлица поврзана со смртта на 10 деца

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот