Индија: Авион со 191 патник ја промашил пистата и се преполовил, има и мртви и околу 60 лица се водат исчезнати (ВИДЕО)

Фото: Twitter/Printscreen

Авион на компанијата „Ер Индија Експрес“ се лизнал при слетувањето на авионската писта во градот Кожикоде во Индија и се преполовил.

Со 191 патник летал од Дубаи, а како што се наведува, загинал пилотот, додека 60 лица се водат како исчезнати. Си Ен Ен јавува дека најмалку три лица загинале, а околу 35 се повредени.

Според првичните фотографии од местото на несреќата, се гледа дека авионот е преполовен, а дека делови се расфрлани по блиските ливади. Како што се сомнева, авионот се излизгал од пистата и паднал во долината и се преполовил на два дела.

До несреќата дошло во моментот кога во тој дел од Индија паѓал силен дожд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот