Има ли исламски екстремисти во Демократската партија, приврзаници на Бериша тврдат така

Има и повредени демонстранти на протестите во Тирана/Фото: Gent SHKULLAKU / AFP / Profimedia

По последниот насилен протест организиран од Сали Бериша, кога при обид да се влезе во седиштето на Демократската партија(ПД), предизвикана е голема материјална штета, повеќе од јасно е дека меѓу двете крила во партијата, едното предводено од Бериша, а другото од Љуљзим Баша, нема ни најмала можност за надминување на недоразбирањата.

Членот на Комисијата за обнова на партијата, Гент Стразимири, денеска пренесувајќи став на приврзаниците на Бериша, обвини дека „ во Демократската партија има група екстремни исламисти, за што поседуваат докази и снимки”.

Според него, тие биле внатре во објектот на партијата, но не биле приведени, не им било запленето ниту оружјето и експлозивните направи.

-Се што пишува во пријавата на комисијата за обнова е точно. Имаме докази и снимки. Бериша тоа го кажа јавно неколку пати. Тие беа внатре и не беа притворени, дури ни оружјето и експлозивот што го имаа не им беа запленети како што и обвинивме. Полицијата по оперативниот пат имаше точни информации што се случува внатре. Секој што се осмелува да се соочи со своите сопартијци или да повика државна полиција затоа што мислел дека животите на неговите сопартијци се во опасност, мисли дека ќе го реши проблемот со засилување на перметарот околу партијата, рече тој за Ора њуз.

Според него, Баша ја повикал полицијата за да се одбрани од демократите, по што „полицијата безмилосно ги повикала на распит сите што биле таму на протестот”, нагласувајќи дека кршењето на стаклата на прозорците било добро смислено од пратеникот Баша и неговите приврзаници.

По седницата на Националниот совет и спроведениот референдум од страна на Бериша за разрешување од лидерската функција, Баша за нив е само пратеник.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот