Им подлегна на повредите пациентот кој вчера скокна од тераса во болница во Тирана

Фото: shendetesia.gov.al

Ден по неуспешниот обид за самоубиство со скок од вториот кат на Инфективната клиника во Тирана, почина 69-годишниот пациент кој беше позитивен на ковид-19.

И покрај лекарските напори, Р.Г. од Фиер им подлегнал на повредите во пределот на главата што ги здоби при падот на бетонска патека. Тој бил хоспитализиран пред една недела и примал интензивна терапија против вирусот. Неговиот син вчера за медиумите изјави дека татко му немал никакви психички проблеми.

Ова е четврт ваков случај во албанските болници од средината на август. Претходно тројца заразени пациенти со ковид-19 на возраст од 29, 65 и 52 години се самоубија со фрлање од балконите на „Шефќет Ндроќи” или ковид два болница во Тирана. И во нивните болнички картони немало податок дека имале било какви психички проблеми.

По сè почестите обвинувања од роднини на починатите и опозицијата за недоволна грижа за пациентите поради пренатрупаните болници, се огласи и премиерот Еди Рама, според кој „вакви нешта се случуваат во многу други држави во Европа”.

– Во Италија од март до август се самоубиле 71 ковид пациент, а беа регистрирани и голем број на обиди за самоубиство. Во Германија се самоубија четворица пациенти, исто толку и во Саудиска Арабија. Самоубиства има и во Франција. Зарем и таму, како што овде обвинува опозицијата, самоубиствата ги потикнуваат владите на тие земји. Да плачеш или да се смееш, рече Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот