Илјадници државни станови во Германија се празни, дел се неупотребливи

Изгоре стан во Болоња / Фото: Max Cavallari / Zuma Press / Profimedia

Повеќе од 360.000 квадратни метри станбен простор во сопственост на германската држава се празни, според податоците добиени од агенцијата ДПА, а експертите проценуваат дека на Германија и недостасуваат околу 600.000 станови, информира Хина.

Станува збор за неколку илјади станови во кои според информациите треба да бидат сместени државни службеници. Само во Берлин, Државната агенција за недвижности поседува 18.000 квадратни метри празни станови. БИМА е еден од најголемите сопственици на недвижности во Германија, потсетува ДПА. Бројките за празни државни станови беа откриени во одговорот на Министерството за финансии на прашање на Карен Леј, членка на партијата Левица во долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот, што ДПА го разгледа.

Од Министерството за финансии велат дека меѓу слободните имоти има и станови кои по иселувањето се уште не се изнајмени, но во блиска иднина би можеле да добијат станари.

Празни се и становите на кои им треба реновирање, додаваат оттаму. Во неколку случаи становите не можат да се користат долгорочно бидејќи ги немаат потребните дозволи, велат од министерството. Од вкупно речиси шест милиони квадратни метри „комерцијален и друг недвижен имот“ во државна сопственост, кој опфаќа канцелариски, магацински и производствен простор, во моментов се празни околу 2,8 милиони квадратни метри, се наведува во реакцијата на Министерството.

Околу 638.000 метри квадратни од овие имоти не се употребливи, а државата планира да продаде околу 453.000 метри квадратни, велат од министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот