Илир Мета го поздрави ангажирањето на Меркел за отварање на преговорите со ЕУ

Претседателот на државата ја сподели фотографијата од средбата помеѓу премиерот Еди Рама и германската канцеларка Ангела Меркел.

Претседателот на Албанија, Илир Мета, ги поздрави напорите на Германија за отворање на преговорите за членство на Албанија во Европската Унија.

– Имплементација на деветте услови на Бундестагот со видливи и одржливи резултати, се најсигурниот европски пат за Албанија, напиша на Фејсбук Мета.

Претседателот на државата ја сподели фотографијата од средбата помеѓу премиерот Еди Рама и германската канцеларка Ангела Меркел.

Меркел на средбата изјави дека ќе стори се во март да се постигнат конкретни резултати за отворање на преговорите за членство на Албанија и Македонија во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот