Илиевски: Доколку триумфиравме над Црна Гора, ЕП ќе беше во друга насока!

twitter.com/FIBA

Како основец во својата родна Струмица, учеше за Љубљана како главно место во тогашната Југославија. Веројатно не се ни надеваше, не претпоставуваше дела словенечката метропола ќе биде неговиот дом. Кога пред 18. години го пречекори прагот на славниот „Тиволи“, не ни помислуваше дека тука и ќе остане.

Да, ја пропатува цела Европа, но остана со префиксот љубљанчанец. Играше и за Олимпија, играше и за Цедевита, но ете дојдоа такви времиња, овие два клуба од Словенија односно од Хрватска да бидат „споени“ во еден – Олимпија Цедевита.

Владо Илиевски е „тука некаде“, повторно е во главниот град на Словенија, но сега како претседател на Илирија. Словенечки второлигаш кој стана стратешки партнер на Цедевита Олимпија.

Во интервјуто за siol.net поранешниот репрезентативец на Македонија говореше и за историскиот настап на Европското првенство 2011 година кога го освоивме четвртото место и бевме многу блиску до медал.

Во 2011 година застанавте со македонската репрезентација веднаш по искачувањето на подиумот на Европското првенство, односно освојувањето на четвртото место. Ретко кога гледаме индивидуа која би се предала толку целосно на проектот, како што беше случајот во тоа време?

– Тоа се убави спомени. Посебна приказна. Доказ дека дури и малата Македонија, на која никој не сметал, може да успее. Тешко ми е да најдам зборови за да опишам што чувствував тогаш, и како Македонците нè прифаќаа. Но, тоа не се случи преку ноќ. Таа репрезентација растеше веќе една деценија. Последното парче во мозаикот беше Бо Мекејлеб. Нешто како шест години подоцна за Словенија со Ентони Рендолф. Само жалам што нашата приказна не продолжи и се развиваше уште повеќе. Имавме и несреќни моменти. Зборувам за Евробаскетот 2013 година, каде загубивме од Црна Гора во првиот натпревар од групата во Јесенице, И тоа откако судијата го занемари играњето на мрежичката на еден противнички играч. Доколку го добиевме тој натпревар, првенството за нас можеше да тргне во друга, многу попозитивна насока. Доказ за нашиот квалитет беше нашата победа против Србија со Теодосиќ, Богдановиќ и другите одлични кошаркари во тој тим – рече Илиевски.

На Еуробаскет 2013 година нашата селекција на стартот загуби со 80:81 од Црна Гора, а овој шампионат го заврши дури на делба на 21. место. Остваривме само една победа над Србија (89:75).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот