Играчот на Сити, Менди останува во притвор: Судот го одби барањето за кауција

Бенжаман Менди доби ново обвинување за силување/Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Судот во Манчестер го отфрли барањето на фудбалерот на Манчестер сити, Бенџамин Менди да плати кауција и да се брани од слобода.

Овој 27-годишен француски дефанзивец е обвинет за четири силувања и еден сексуален напад во периодот од октомври 2020 година до август 2021 година.

Тој е во притвор седум недели, а пред судот ќе се појави на рочиштето закажано за 24 јануари 2022 година.

Менди пристигна во редовите на Сити од Монако во 2017 година во трансфер вреден 52 милиони фунти.

Со „граѓаните“ досега освои три премиерлигашки титули и две во англискиот Лига куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот