Ибрахимовиќ го критикуваше Роналдо: Уште колку пари сакаш да заработиш?

Фото: EPA/MARIO CRUZ

Златан Ибахимовиќ веќе неколку месеци е во фудбалска пензија, но и во таква ситуација знае да го привлече вниманието на спортската јавност. Ибрахимовиќ е познат како човек „без влакна на јазикот“, а сега зборуваше за Кристијано Роналдо.

Португалецот е еден од најдобрите фудбалери во историјата и Ибрахимовиќ тоа не го оспорува, но според него не требало кариерата да ја заврши во Саудиска Арабија само за пари.

Роналдо во Саудиска Арабија заработува 200 милиони евра на годишно ниво и тој беше првиот фудбалер кој ја „отвори вратата“ за познати фудбалски имиња од европскиот фудбал да се преселат во оваа земја.

Ибрахимовиќ сега одлучи јавно да го критикува Роналдо.

„Зошто падна на такво ниво да ја завршиш кариерата? Уште колку пари сакаш да заработиш? Можам да ги разберам фудбалерите кои одат таму затоа што во кариерата во Европа не заработиле доволно и тука немам дилеми. Но што е со тебе и останатите слични? Имав и јас понуди од Кина и Саудиска Арабија за многу пари, но по толку заработено во животот тоа не ми беше цел. Секогаш сметав дека големите играчи кариерата треба да ја завршат во голем клуб. Луѓето треба да ве паметат како голем играч а не по тоа колку пари сте заработиле“, изјави Ибрахимовиќ.

Останува да се види дали по оваа изјава на Швеѓанецот ќе има реакција од спротивната страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот