
Иако има бомбастично тело на 62 години, некогаш се мразела: Деми Мур проговори за најголемата траума во кариерата
Актерката Деми Мур отворено зборуваше борбата со нарушување во исхраната, откако еден продуцент ја понижил и ѝ кажал дека „треба да ослабне“. Во интервју за магазинот „Elle“ таа изјави дека пет години била опседната со вежбање, а се присетила и на непријатните моменти кои ги имала со продуцентот.
Препорачано
„Се изложив на тортура кога бев помлада. А сето тоа го направив кога продуцентот ме повлече настрана и ми кажа дека треба да ослабам. Беше многу срамно и понижувачки. Но, тоа е едно нешто, а како го прифатив сетоа тоа, како се одрази на мојот однос кон себе и до која екстремност одев, тоа е само моја вина“, рече таа.
Во интервјуто, актерката исто така истакнала дека работата во Холивуд и станувала сè потешка како што стареела.
Деми претходно зборуваше за своето нарушување во исхраната. Таа детално опишала сè во своите мемоари, а особено се присетила на моментот во 1997 година кога „доживеала просветлување“ и сфатила дека „само треба да биде природна “.
Мур до ден денес го „лекува“ тој дел од животот и работи на своите несигурности. Покрај тоа, таа е благодарна што има актерска кариера.
„Неверојатно е што сè уште можам да го правам ова. Неверојатно е каде ме однесе животот“, рече таа.
Инаку, Деми доживеа голема популарност во 80-тите и 90-тите години, а тогаш ја нарекувале и секс симбол. Причината за тоа беше што таа не се плашела да се појави гола пред камерите, а не се плаши ниту денес. Во нејзиниот нов филм „Супстанција“ таа ги прекрши сопствените правила и сними сосема гола сцена, која на почетокот не ѝ се допаднала, но не сакала да ја промени.