И Македонија имаше фудбалери во класата на Пеле

фото: sinmordaza

Легендарниот Пеле на 82-годишна возраст ја загуби битката со ракот на дебелото црево, но остануваат сеќавањата на бројни фудбалери за дуелите со Пеле кој засекогаш остануваат запаметени.

Методија Спасовски и Кирил Дојчиновски, кој исто така почина оваа година, настапија против Бразил во 1968 година на легендарната Маракана.

Тогаш, во дресот на поранешна Југославија, на пријателски дуел со Бразилците пред повеќе од 150.000 гледачи, Спасовски и Дојчиновски се најдоа во првиот тим на селекторот Рајко Митиќ. А, Мето Спасовски уште во 7. минута, пак, беше стрелец на првиот гол на мечот за водство на Југославија од 0-1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот