И Асад контра Ердоган: Милитанти од Сирија се борат во Нагорно-Карабах

Фото: EPA-EFE/SANA

Претседателот на Сирија, Башар ал Асад денеска изјави дека сириски милитанти се борат во азербејџанско-ерменскиот конфликт во Нагорно-Карабах.

– Дамаск тоа може да го потврди, изјави Асад во интервју за „РИА Новости“.

Тој додаде и дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е „главен иницијатор” на судирите.

– Ги поддржува терористите во Либија, беше главен иницијатор и во судирите во Нагорно-Карабах помеѓу Азербејџан и Ерменија, истакна Асад алудирајќи на Ердоган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот