ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: Двајца фудбалери на Баерн донираа милион евра во борбата против коронавирусот

Фудбалерите на Баерн Минхен, Леон Горецка и Џошуа Кимих, покренаа проек за собирање на средства за луѓето кои се најпогодени од пандемијата на коронавирусот.

Двоецот на германскиот тим го стартуваа проектот „WeKickCorona“ и донираа еден милион евра во борбата против коронавирусот кој веќе зеде повеќе од 10.000 жртви низ целиот свет. Тие планираат сите собрани средства од проектот за хуманитарни, социјални или медицински установи кои им помагаат на погодените од коронавирусот.


– Коронавирусот може да го победиме само како тим. Со помош на „WeKickCorona„ сакаме да им помогнеме на цела Германија. Свесни сме за фактот дека оваа наша обврска може да даде мал придонес – изјави Горецка.

– Сите можат да помогнат, како во мал така и во поголем обем. Само доколку бидеме заедно како општество, заедница, и покажеме разум и одговорност и се грижиме едни за други, можеме да излеземе од оваа криза. Без разлика дали станува збор за дела, гестови или финансиски средства, секоја помош во ова време е златна – изјави Кимих.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот