Хрватска донира вакцини за ковид на Македонија, Мексико и Тунис

Скопје, 31 март 2021 / ФОТО: Драган Митрески - СП.

Хрватската Влада на денешната седница донесе одлука да донира вакцини против Ковид-19 во Македонија и на државите на кои, според проценката на механизмот Ковакс, им е најпотребна.

Од вакцината на „Фајзер“, 87.750 дози се донација за Северна Македонија, а 734.400 дози во државите според проценката на механизмот Ковакс. Во одлуката не е наведено кому се донираат вакцините преку Ковакс, но според извештајот на Министерството за здравство испратен до хрватската Влада на 5 октомври, евидентно е дека се работи за донација на вакцината на „Фајзер“ за Мексико.

Хрватска досега донираше 2.467.820 дози вакцини.

До крајот на годината, земјата ќе подари уште 45.000 дози вакцини „Модерна“ и 135.360 дози вакцини „Фајзер“ во Тунис и 794.400 + 31.200 дози вакцини Џонсон и Џонсон во друга земја преку механизмот Ковакс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот