Ходаи: Заев има волја за изонаоѓање на решение со матурантите

Од страна на премиерот Зоран Заев постои волја за да се изнајде решение за нашиот проблем со МОН, вели за „Слободен печат“ лидерот на средношколскиот Сојуз Бленди Ходаи, по денешната средба со премиерот

Тој истакна дека наредните денови ќе се даде предлог кој би бил прифатлив за двете страни.

-Во наредните денови ќе имаме и конечен предлог за решение од двете страни. Во принцип се договоривме да се полагаат два екстерни предмети, а за другото ќе се договориме дополнително – додава Ходаи

Матурантите и МОН веќе подолго време не можат да најдат заеднички јазик за полагањето на државната матура за оваа година, бидејќи бараат да се полагаат два наместо четири предмети како што налага МОН.

Затоа испратија и писмо до Собрание, од каде сè уште чекаат резултат, а од премиерот конечно добија сигнал дека проблемот би можел да биде набргу решен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот