Хјуман рајтс воч документира нови случаи на воени злосторства во Украина

Буча, Украина/ Фото EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Организацијата за заштита на човековите права, Хјуман рајтс воч (ХРВ) денеска соопшти дека документирала нови случаи на „очигледни воени злосторства” извршени од руски војници во два региони во Украина.

Во извештајот на ХРВ се наведува дека руските сили кои го контролираат најголемиот дел од регионите Киев и Чернигов од крајот на февруари егзекутирале цивили по кратка постапка, вршеле тортура и други тешки злоставувања.

Во извештајот се укажува на она што ХРВ го опиша како 22 очигледни егзекуции по кратка постапка, девет други незаконски убиства, шест можни присилни исчезнувања и седум случаи на тортура.

Вкупно 21 цивил им го потврдија на истражителите на ХРВ незаконското лишување од слобода во нечовечки и понижувачки услови, се вели во соопштението.

ХРВ повика наводните злоупотреби да бидат „непристрасно истражени и соодветно кривично процесирани”.

Русија негираше дека цивили биле нејзина цел или дека е вмешана во воени злосторства и ја обвини Украина за фалсификување злосторства за да ги заштити своите сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот