Хиени убиле студент во Кенија

Хиена / Фото EPA/DAI KUROKAWA

Глутница хиени убила маж, а повредила двајца други во напад што се случил во понеделникот вечерта во близина на Мултимедијалниот универзитет во Кенија во предградието на главниот град Најроби.

Универзитетот се наоѓа во близина на западната граница на Националниот парк Најроби, дом на хиени, лавови и гепарди.

„За жал, тимот откри делумни човечки останки на местото на настанот“, се вели во соопштението на Кениската служба за диви животни (КВС).

Антониј Паша бил убиен во нападот. Неговите блиски велат дека загинал додека собирал огревно дрво.

„Хиената дојде, го нападна, го избрка од шумата“, изјави Кааџи Лесиан, роднина на жртвата.

Еден од повредените, 21-годишниот студент по инженерство Кевин Мвендва, го загуби палецот и повреда на окото во нападот. На помош му пришол жител на блиското село. Двајцата се пренесени во болница каде се опоравуваат од повредите.

По нападот е убиена една хиена, а трупот се тестира за беснило и други болести. Беснилото може да ги направи заразените животни поагресивни. Продолжува потрагата по други хиени од глутницата.

Нападите со хиени станаа почести во предградијата на Најроби, што го натера КВС да издаде упатства за тоа како да реагира во случај на средба со хиена.

„Ако се соочите со хиена, не се оддалечувајте и останете свртени кон неа. Бидете гласни, изгледајте агресивно и изгледајте страшно за да ја одвратите хиената“, советува КВС.

Упатствата беа издадени во јануари откако 10-годишниот Денис Теја беше убиен на поле во округот Киамбу, северно од Најроби.

Неодамнешниот напад ги поттикна студентите да протестираат. Стотици студенти блокираа патишта, фрлаа камења и палеа огнови покрај патот.

„Универзитетот не е безбеден бидејќи сме блиску до национален парк. Владата треба да го ограничи движењето на животните“, рече студентот Очиенг Кефах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот