Хиџабот може да биде забранет на работното место, пресуди Европскиот суд на правдата

хиџаб/ Фото EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Компаниите можат да им забранат на своите вработени под одредени услови да носат хиџаб (марама за покривање на косата) на работното место, пресуди Европскиот суд на правдата за два случаи иницирани од муслиманки во Германија.

И во двата случаи, тие жени беа суспендирани од работа поради носење хиџаб.

Носењето хиџаб е контроверзно прашање низ цела Европа со години и покажува големи разлики во начините за решавање на муслиманската интеграција.

Две муслиманки, едната вработена во установа за згрижување деца, а другата касиерка во Мулер, не носеле хиџаб кога почнале да работат, но одлучија да го сторат тоа неколку години подоцна по враќањето од породилно отсуство. Им било кажано дека тоа не е дозволено, а потоа биле суспендирани и им било кажано да дојадат на работа само доколку не носат хиџаб.

Судот мораше да одлучи дали станува збор за повреда на слободата на вероисповед или повреда на слободата на деловната активност и желбата на работодавачот да им се претстави на своите клиенти на неутрален начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот