
Херојот на Флуминензе против Интер е на чекор од историски подвиг – најмногу одиграни натпревари во историјата на фудбалот!
Херојот на победата над Интер, голманот на Флуминензе Фабио е блиску да стане фудбалер со најмногу одиграни официјални натпревари во историјата на овој спорт.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На листата и понатаму лидер е англиски голман Питер Шилтон, кој од 1966 до 1997 година бранеше за репрезентацијата на Англија, како и за Нотингем Форест, Лестер и други клубови, собирајќи вкупно 1.387 официјални настапи. Но сега, Фабио сериозно му дише во врат.
Имено, 44-годишниот голман на Флуминензе, кој беше еден од најзаслужните за големата победа над Интер во осминафиналето на Светското клупско првенство, досега има 1.376 официјални натпревари зад себе.
Фабио е убедливо највозрасниот учесник на турнирот во САД, а начинот на кој бранеше во дуелот со „нераѕурите“ само потврдува дека е во одлична форма. За да го урне рекордот на Шилтон, му фалат само уште 12 натпревари.
На листата на фудбалери со најмногу одиграни мечеви во историјата има и неколку големи имиња како Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Ѓанлуиџи Буфон, Лука Модриќ, но и некои помалку познати фудбалери.
Топ 20 фудбалери со најмногу одиграни натпревари:
-
Питер Шилтон (Англија, голман) – 1.387 (1966–1997)
-
Фабио (Бразил, голман) – 1.376 (1997– )
-
Кристијано Роналдо (Португалија, напаѓач) – 1.286 (2002– )
-
Пол Басток (Англија, голман) – 1.284 (1988–2022)
-
Рожерио Сени (Бразил) – 1.226 (1990–2015)
-
Бери Хејлс (Јамајка, напаѓач) – 1.188 (1989–2023)
-
Томи Хачинсон (Шкотска, средина) – 1.178 (1964–1994)
-
Џанлуиџи Буфон (Италија, голман) – 1.155 (1995–2023)
-
Лионел Меси (Аргентина, напаѓач) – 1.146 (2003– )
-
Јасухито Ендо (Јапонија, средина) – 1.141 (1997–2023)
-
Роберто Карлос (Бразил, одбрана) – 1.136 (1991–2015)
-
Пет Џенингс (Северна Ирска, голман) – 1.124 (1961–1986)
-
Реј Клеменс (Англија, голман) – 1.119 (1966–1988)
-
Хавиер Занети (Аргентина, одбрана) – 1.115 (1992–2014)
-
Лука Модриќ (Хрватска, средина) – 1.115 (2004– )
-
Скот Мекглејш (Англија, напаѓач) – 1.108 (1993– )
-
Марселинјо Параиба (Бразил, средина) – 1.097 (1991–2020)
-
Чави (Шпанија, средина) – 1.096 (1997–2019)
-
Роби Џејмс (Велс, средина) – 1.092 (1973–1998)
-
Жоао Мутињо (Португалија, средина) – 1.087 (2003– )
-
Икер Касиљас (Шпанија, голман) – 1.085 (1998–2019)