Хенес: Фудбалот не е проблем – проблем е кога докторот во Италија мора да бира на кој пациент да му помогне

EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, им порача на фудбалските работници на престанат да кукаат бидејќи во моментов има далеку поважни работи од тоа.

Пандемијата на коронавирусот полека со „суспендира“ животот низ целиот свет, а од оваа болест не се изземени ниту спортот и фудбалот како најважната споредна работа.

Долгогодишниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, во интервју за магазинот „Кикер“ апелираше до фудбалските работници да ги сопрат полемиките околу тоа кога да продолжат првенствата и дали да се игра или да се одложи Европското првенство.

Според Хенес, таквите расправи се маргинални во моментите кога целиот свет се бори со пандемијата на коронавирусот.

– Сосема нормално е да во овие моменти се да запре, па дури и да нема фудбал. Најважно да бидеме внимателни и да не дозволиме да се згоемувга бројот на заболени од коронавирусот. Луѓето мора да сфатат дека ние сме дури на почетокот од овој проблем – вели Хенес кој верли дека фудбалот во моментов е најмалку важна работа.

– Проблемот е кога докторот во Италија мора да бира помеѓу двајца пациенти кој да го стави на респиратор бидејќи нема за сите. Тоа е проблем, а не кога ќе продолжи фудбалот.

Хенес истакна дека нема дилеми и кои ќе бидат приоритетите кога топката повторно ќе биде на центарот.

– Предност имаат домашните првенства и Лигата на шампионите, а дури потоа доаѓа Европското првенство. Но, најважно е луѓето да сфатат дека имаме проблем со коронавирусот кој ќе го промени светот – порачаа Хенес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот