Хеликоптери на МВР исфрлија 13 тони вода и го локализираа пожарот во Сопиште

Фото: ЦУК

Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар меѓу селата Долно Соње и Добри Дол во општина Сопиште, ги упати двата хеликоптера Бел-412 и Бел-212 во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, информираат од МВР.

 

„Во пожарот кој беше пријавен околу 13.50 часот, а настана на м.в Блатоица, беше опожарена нискостеблеста и високостеблеста шума на површина од околу 20 хектари, веќе е локализиран, а двата полициски хеликоптери при гаснењето исфрлија над 13 тони вода и помогнаа во неговото локализирање“, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот