Фото: Профимедиа

HBO подготвува серија за Хари Потер

„HBO Max“ подготвува нова серија за волшебникот Хари Потер, пишува „The Hollywood Reporter“.

Развојот на серијата се уште е во рана фаза и „HBO“ е во потрага по луѓе кои ќе го напишат сценариото.

Веста дека се подготвува серијал за овој волшебник не би требало да биде изненадување ако се земе во предвид заработката која оваа враншиза му ја донесе на „Warner Bros“.

Седумте книги од писателката Ј.К. Роулинг се адаптирани во осум филмови кои заработија повеќе од седум милијарди долари.

Во подготовка е и третото продолжение од филмот „Фантастични ѕверки и каде да се најдат“.

Да се потсетиме дека „HBO“ во наредниот период на екраните планира да ги врати и култните „Пријатели“ и серијата „Сексот и градот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!