Харадинај до Албанците во Македонија: Не му верувајте на Курти

Харадинај/ Фото: Принтскрин

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, им порача на Албанците во Северна Македонија дека не треба да му веруваат на „измамникот Албин Курти“, пренесува Косово онлајн.

Вака Харадинај реагираше на обраќањето на Курти при вчерашната посета на Тетово, каде рече дека патот Призрен-Тетово, како регионален проект, е многу важен и дека придонесува за развојот и на Косово и на Северна Македонија.

Харадинај, на својот Фејсбук профил, објави дека сите проекти и патишта на Косово се блокирани.

– Не му верувајте на измамникот Албин Курти. Сите патишта и проекти се блокирани во Косово, вклучително и патот Плав. Бидејќи веќе не може да ги лаже граѓаните на Косово, дојде да ве излаже, зборувајќи за патот Тетово – Призрен. Истото го пробал и во Албанија, но не му поверувале и го избркале. Не потпаѓајте на неговите трикови, напиша Харадинај на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот