Хаос во Аргентина: Навивачи упаднале во тренинг камп и им ги запалиле автомобилите на фудбалерите

Принтскрин/Твитер

Навивачите на аргентинскиот тим Алдосиви незадоволни од резултатите на екипата, упаднаа во тренинг кампот, го претепаа обезбедувањето и запалија автомобили на неколку фудбалери.

Овој инцидент се случи по поразот на Алдосици на гостувањето кај Годој Круз (2:0).

Без автомобили останаа Хозе Девеки, Џонатан Закаријас, Франциско Серо, Чако Мартинез, како и дел од стручниот штаб.

По пријавувањето на пожарот брзо пристигнале пожарникари, но не успеале да ги спасат сите автомобили.

Пред секое гостување, фудбалерите на Алдосиви своите автомобили ги оставаат во тренинг кампот, а гневните фанови го знаеле тоа и го искористиле за да испратат застрашувачка порака до фудбалерите поради слабите резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот