Хамас бара ОН да не потклекнуваат пред Израел

Хамас/ Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Палестинската милитантна група Хамас денеска ја осуди кампањата на Израел против институциите на ОН, нарекувајќи ја „празно обвинување“ со цел да се спречи помошта за луѓето од Појасот Газа.

„Последното шупливо обвинение е против Светската здравствена организација. Израел ги повторува лажните тврдења за користење болници во воени операции“, се вели во соопштението на Хамас, пренесува Анадолија.

Хамас, исто така, ги осуди обвинувањата на Израел против Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток со цел да се прекине нејзиното финансирање.

Израел тврди дека Хамас ги користи болниците во Појасот Газа за воени цели, додека палестинското движење ги негира таквите наводи.

Хамас ги повика Обединетите нации и меѓународните институции „да не попуштаат пред израелските закани и уцени“.

– Ја нагласуваме важноста на улогата на овие (агенциите на ОН) во обезбедувањето помош на нашиот народ и документирањето на злосторствата од окупацијата – посочи Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот