Халанд: Гвардиола е тотално луд по фудбалот и затоа го сакам

Ерлинг Халанд и Хосеп Гвардиола/фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Англискиот шампион Манчестер сити, во летниот преоден рок го донесе еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Ерлинг Халанд кој веднаш почна да ги „тероризира“ голманите во Премиер лигата.

Иако многумина се сомневаа дека Халанд нема да се снајде во системот на Пеп Гвардиола, кој досега функционираше без класична „деветка“, но Норвежанецот ги смири со постигнати 10 гола во Премиер лигата и уште два во првото коло во Лигата на шампионите.

– Мислам дека Хосеп е еден од оние луди фудбалски луѓе, како мене. Двајцата живееме за фудбалот, тој беше играч, сега е тренер и е целосно луд по фудбалот и тоа ми се допаѓа. Имам впечаток дека тој размислува само за фудбалот и за тоа како може да ги поправи работите и токму поради тоа го сакам.Мислам дека добро се вклопуваме иако системот не е толку едноставен. Не сакав да губам време, само гледав да се адаптирам што е можно побрзо – изјави Халанд.

Следниот предизвик за Халанд е дуелот против поранешниот тим Борусија Дортмунд в среда во рамки на второто коло во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот