Хакерски напад ја собори веб-страницата на Министерството за образование, се потпиша наводна грчка група

Фото: mon.gov.mk/принтскрин

Веб-страницата на Министерството за образование и наука утрово е недостапна, откако врз неа бил извршен сајбер-напад, за кој одговорноста ја преземаат грчки хакери. На сајтот на МОН свој потпис остави досега непозната хакерска група која се претставува како „Netwatchers“.

Поради нападот, извесно време сите објавени линкови водеа кон грчко видео на Јутјуб со наслов „Познатата Македонија“ (Famous Macedonia).

Тешко да се каже дали навистина станува збор за хакери од Грција, бидејќи при вакви напади, вообичаено се оставаат пораки кои треба да го насочат сомнежот за сторителите во погрешен правец.

Фото: mon.gov.mk/принтскрин

Во февруари годинава, веб-страницата на МОН веќе беше цел на хакерски напад, а според информациите кои тогаш се појавија на социјалните мрежи, хакерите, кои исто така се потпишаа како Грци, ја презеле контролата врз надзорните камери во министерството, како и врз база податоци на министерството. МОН тогаш демантираше дека имало хакерски напад, тврдејќи дека објавените фотографии и снимки не се од надзорните камери на министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот