Гвардиола ги повика фудбалерите на штрајк

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Maнчестер Сити предводен од Пеп Гвардиола одлично ја започна новата сезона во Манчестер Сити, а сега шпанскиот стратег ја искористи својата влијателност да посочи според него сериозен проблем во фудбалот.

Гвардиола како и многу други големи имиња од фудбалот смета дека распоредот е густ и фудбалерите имаат премалку време на одмор. Пеп како пример ја даде НБА лигата.

„Кога зборувам на оваа тема често пати ја користам НБА лигата како пример. Тие играат 80 натпревари во неколку месеци и потоа имаат одмор од три месеци. Ако не играш финале, можеше целосно да одмориш физички и психички, па максимално да се подготвиш за новата“, според Шпанецот.

Гвардиола дури и ги повика фудбалерите на штрајк.

„Јас сум само тренер и немам моќ да ги променам работите, а верувам дека единственото решение е фудбалерите да кажат: Стоп – време е за промени. Ми изгледа дека само на тој начин може да реагираат УЕФА и ФИФА“, изјави Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот