Гутереш: Страните во палестинско-израелскиот конфликт да го почитуваат примирјето

Антонио Гутереш
Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН/ Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздрави договорот за прекин на огнот меѓу Израел и радикалните палестински групи во појасот Газа, изразувајќи надеж дека сите страни ќе го почитуваат.

– По 11 дена крвави борби, го поздравувам прекинот на огнот меѓу Појасот Газа и Израел, рече Гутереш изразувајќи „најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите“.

– Откако ќе се стабилизира примирјето, мора да продолжи мировниот процес на Блискиот исток, истакна генералниот секретар на ОН.

Вооружениот конфликт почна пред 12 дена, по неколкудневни немири во источен Ерусалим и на Ридот на храмовите каде беше првото место на конфликтот меѓу Израелците и Палестинците.

Израел смета дека му припаѓа и окупираниот источен дел на Ерусалим, каде што живеат Палестинци, кои го сметаат за главен град на нивната идна држава.

Судирите во тој дел од градот почнаа поради најавата дека некои палестински семејства ќе бидат иселени од нивните домови во тој дел на градот и ќе се населат Израелци.

И Израел и Хамас прогласија победа: Стапи во сила примирјето меѓу двете страни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот