„Гучи“ повторно ги поместува границите на модата со своите единствени дизајни: Овој пат брендот продава фустани за мажи по цена од 2.000 евра! (ФОТО)

Откако се појавија скандалозните фармерки извалкани со трева што Гучи ги продава по скандалозно висока цена од дури 40 илјади денари, од оваа модна куќа доаѓа уште еден „хит на есента“ – фустан за мажи со сатенски појас!

gucci.com

Портокаловиот фустан чини околу 111.000 денари, а како посебен детал, дизајнерите го потенцираат сатенскиот појас што е врзан во лак и кој ја носи пораката: „Јас се борам против токсичните стереотипи кои го обликуваат родовиот идентитет на мажите!“

Памучната долга кошула, односно фустанот, има бисерни копчиња и јака во стилот на Петар Пан, слична на онаа што ја носеше Курт Кобејн пред 19 години на концерт во Лос Анџелес.

gucci.com

„Гучи“ препорачува мажите да носат кошула-фустан со искинати фармерки.

За оние кои не ја сакаат портокаловата боја, постои и розова верзија на истото парче облека. Во исто време, тоа е малку поевтино – чини „само“ 75.000 денари.

Како ви се допаѓа модниот предлог на брендот Гучи? Дали мислите дека овој фустан ги крши границите помеѓу машка и женска гардероба или, сепак, дизајнерите претеруваат? Споделете!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот