Гучи купи 30 отсто од Валентино за 1,7 милијарди евра во кеш

Француската луксузна групација Керинг, која се бори да ја заживее продажбата на својот бренд Гучи, во четвртокот објави дека купува 30 отсто од акциите на италијанскиот моден бренд Валентино од катарскиот инвестициски фонд Мајхула за 1,7 милијарди евра – во готово. Договорот, според Ројтерс, вклучува опција Керинг да го купи целиот акционерски капитал на Валентино најдоцна до 2028 година.

„Трансакцијата е дел од поширокото стратешко партнерство меѓу Kerринг и Maјхула, што може да доведе до тоа Maјхула да стане акционер на Keринг“, се вели во соопштението на Keринг. Фондот Мајхула, кој го купи Валентино во 2012 година, ќе остане, како што беше најавено, мнозински акционер со 70 отсто од капиталот и „ќе продолжи да спроведува успешна стратегија за подигање на брендот“. Купувањето на 30 отсто од акциите се очекува да биде завршено пред крајот на годината, рече Керинг.

Валентино, еден од најпознатите италијански модни брендови, има 211 продавници и минатата година оствари приход од 1,4 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот