Грузиец освои злато и собори три светски рекорди

Фото: EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Во кревање товар во категоријата над 109 килограми, Грузиецот Лаша Талакаѕе (27) освои злато, со што ја одбрани титулата од минатите Игри во Рио.

Овој пат тој победи со надминување три светски рекорди, во дисциплината со задршка (223 кг), во дисциплината со исфрлање (265 кг) и вкупно (488 кг).

Среброто му припадна на азискиот шампион од Иран, Али Давуди, со вкупно кревање од 441 кг. (200 со задршка + 241 со исфрлање).

Бронзата оди за Сирија, а ја освои Ман Асад со 424 кг. (190 со задршка + 234 со исфрлање).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот