Групата „Ван Гог“ подготвува „звучен огномет со висок напон“ во белградската Комбанк сала

Популарниот белградски рок-бенд „Ван Гог“, на 11 и 12 март во салата Комбанк во Белград, со концертот „Висок напон“ ќе одбележи 25 години од издавањето на албумот „No comment“.

Пред точно три години, од сцената на Комбанк салата, „Ван Гог“ на публиката ѝ подари акустичен концерт, а овој пат на истата сцена, тие се враќаат со песните од албумот „Висок напон“, што ги немаат свирено со децении, и со кои автентично ќе ја отсликаат енергијата на албумот „No comment“, издаден пред 25 години.

„Високиот напон“ на „Ван Гог“ на публиката ќе ѝ донесе музичка енергија, по која групата е позната во регионот како концертно најексплозивна музичка „машина“, но и многу рефрени отпеани во хор. Со песните од различни периоди на нивната повеќедецениска музичка кариера, како и својата креативна непредвидливост, бендот на публиката ќе ѝ се претстави во целосно ново светло.

Фронтменот на бендот, Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле, пред концертот објасни зошто решил повторно да го сподели „високиот напон“ со публиката на истото место.

– Сакавме амбиентот на Комбанк салата да го обоиме со наш звучен огномет со висок напон. Желбата ни ја ресетираше „машината“ и не наостри на 11 и 12 март да ја победиме тишината! – порача Ѓуле.

Групата „Ван Гог“ е формирана во 1986 година, кога го објавуваат и својот прв сингл. Денес, три децении и безброј турнеи подоцна, сѐ уште се едно од најзвучните имиња на балканската музичка сцена. Два пати се добитници на престижната награда од Ем-ти-ви Адрија, во категоријата за најдобар регионален изведувач, а неколку од нивните промотивни турнеи започнуваат токму во Македонија.

Концертот во Белград ќе биде одржан во согласност со пропишаните ковид-мерки.

Тука можете да го видите најавното видео за концертот.

Картите се во продажба во билетарницата на Комбанк салата и на tickets.rs

Во продолжение проследете дел од атмосферата на акустичниот концерт одржан во Комбанк салата на 23 март 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот