Грковска вели дека Јовески не треба да биде уставен судија – не се покажал како главен обвинител

Фото: МИА

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески не треба да биде уставен судија – ова е личниот став на вицепремиерката Славица Грковска, која го изнесе во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма.

„Не сметам дека треба да биде уставен судија. Затоа што, она што требаше да го направи како Републички јавен обвинител, не го постигна на таа позиција и не гледам причина зошто понатаму би имал можност да продолжи со кариерата како уставен судија“, изјави Грковска.

Владата, вели таа, ги направила сите предуслови што се барале од неа, како зголемување на буџетот на обвинителствата, вклучително и вработувањата.

Меѓутоа, Владата не може да го организира јавниот конкурс и изборот на истражители. Тоа е, сепак, обврска на правосудните органи, вели Грковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот