Гризман израмни рекорд на легендарниот Луис Арагонес

Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Францускиот напаѓач, Антоан Гризман игра во одлична форма во дресот на Атлетико Мадрид и тој е еден од лидерите на тимот оваа сезона.

Гризман сега израмни и еден важен рекорд на „јорганџите“ влегувајќи во друштво на легендарниот Луис Арагонес.

Французинот против Гетафе постигна два гола со кои дојде до бројката од 173 погодоци и го израмни рекордот на легендарниот Арагонес кој постигна исто толку за мадритскиот клуб.

„За мене ова беше посебна ноќ. Ноќ која донесе многу емоции, но се трудам да сум мирен. Голема е честа да се биде во иста категорија со Арагонес, тој е еден од најславните фудбалери на сите времиња, зборуваме за човекот кој ги постави темелите на модерниот Атлетико“, изјави Гризман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот