Грешка или напад на српското овоштарство

Речиси синхронизирана со забраната за увоз на сливи во Хрватска, и Црна Гора пред неколку дена објави дека го спречила и увозот на речиси десет тони праски и нектарини од Србија во кои е пронајден хлорпирифос – пестицид потенцијално опасен за човековото здравје.

Само неколку часа по оваа, тогашна, алармантна изјава на црногорскиот директор на Управата за безбедност на храна, следуваше ново соопштение во кое се вели дека се работи за грешка. И дека станува збор за вкупната количина на овошје од Србија од две пратки кои биле стопирани во претходниот период поради сосема различни пропусти – остатоци од пестициди, кои вообичаено се дозволени во двете земји, но во количина поголема од пропишаната. Што инаку е редовна процедура при контролите на храната и се случува на сите гранични премини, а често и во Србија, која исто така враќа сомнителни пратки во земјите на извозникот од истите причини, но без помпезно ѕвонење на сите ѕвона.

Како што беше несмасно објаснето, ширењето на дезинформации настанало поради недоразбирање во телефонската комуникација меѓу Управата за безбедност на храна на Црна Гора и надлежниот инспектор.

Д-р Александар Лепосавиќ од Институтот за овоштарство во Чачак наведува пример од пред неколку години кога секторот на малини имал проблеми со отежнат извоз во Европската унија бидејќи наводно норовирус бил откриен во пратките со српски малини. Подоцна беше утврдено дека тоа не е точно, и дека поради реекспорт на заразени малини од Босна и Херцеговина, „целата мака падна на Србија“. Следеше проверка на секој десетти камион кој превезува малини, а потоа и на секој друг, што ја комплицираше и поскапи постапката и ни направи проблеми.

Она што штотуку се случи со Црна Гора е крајно несериозно, додава тој, и секако дека го гледа влијанието на политиката во последните настани.

Србија само во август годинава во земјите на ЕУ извезла 692 пратки, односно близу 8.000 тони овошје и зеленчук, од кои три пратки биле вратени.

Истовремено, Србија, како и сите други, врши земање мостри на граничните премини, а само годинава од 9.000 пратки што пристигнаа на границата на Србија, вратени се 37 пратки поради непочитување на прописите, објави Политика рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот