Грците вчудовидени – 4 евра за топка сладолед?

Фото: Пиксабеј

Останаа уште неколку дена до официјалниот почеток на летото и Грците се радуваат што ќе се препуштат на задоволството што го нуди сладоледот.

Но, се чини дека студениот десерт годинава и буквално ќе ги „смрзне“, бидејќи зголемувањето на суровините ја зголемуваат неговата цена, што резултира со топка која чини дури 4 евра, коментира То Вима.

Граѓаните се незадоволни што истовремено, кај пакуваниот сладолед, освен новата, зголемена цена, има и намалување на пакувањата.

Експертите нотираат дека годинава на грчкиот пазар цената на сладоледите е зголемена за дури 25 проценти, а причините се: поскапените суровини чоколадо, шеќер…

Така на пример ако појдете во некоја маалска слаткарница топката во чаша, која лани сте ја плаќале по 2,50 евра, сега ќе ве чини – 3,20 евра.

По 3 до 4 евра се нудат едноставните вкусови: ванила или чоколадо, а плус 20 евроценти ќе платите за парфе вкусовите со ореви, овошје, чоколадни парчиња.

Сладоледот во рефус, сега чини од 8 до 10 евра за килограм.

На пример семејство со 2 деца лани плаќало од 10 до 12,8 евра за сладолед, а годинава тоа ќе ги чини речиси од 12 до 16 евра. Едно парче сладолед на стапче од 68 гр сега чини 2,78 евра, за сендвич сладолед од 85 гр. ќе платите 2,89 евра итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот