Грција: Прва посета на министер за надворешни работи на Света Гора по пауза од 11 години

Монаси на Света Гора / Фото: EPA-EFE/NIKITAS KOTSIARIS

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас денеска и утре ќе биде во посета на Света Гора, прва на шеф на грчката дипломатија по пауза од 11 година.

Од грчкото МНР соопштија дека Дендиас ќе присуствува на вонредна седница на Светата заедница, ќе ги посети управата на Света Гора и два од манастирите, додека пак утре ќе посети други два манастири.

Додаваат дека станува збор за прва посета на министер за надворешни работи на Грција на Света Гора од 2011 година и посочуваат дека управителот кој ја претставува грчката Влада во Света Гора е под надзор на шефот на дипломатијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот