Грчките земјоделци вечерва ќе го блокираат граничниот премин Евзони

Протест на грчките земјоделци/Фото: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Меѓу 19:30 и 20 часот по локално, односно 18:30 и 19 часот по македонско време се очекува да започне новата блокада на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Македонија, што ќе трае час и половина до два часа.

Блокадата, според земјоделците, ќе биде како и во изминатите денови, периодична и повремено ќе се однесува и на камионите и на автомобилите, а се очекува да продолжи и во следните денови, до понеделник, 26 февруари.

Во понеделник, додека во Брисел биде состанокот на министрите за земјоделство на Европската Унија, земјоделците во Грција најавуваат протести на повеќе локации, а не е исклучена можноста да се одржи и на граничниот премин Евзони (Богородица).

Земјоделците од северниот дел на Грција веќе извесен период ги имаат паркирано нивните трактори на конкретниот граничен премин, а од вторникот периодично го затвораат во вечерните часови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот