Грчкиот министер Герапетритис ги известил колегите министри дека македонските пасоши не важат од понеделник

Македонски пасоши/ Фото: МИА

Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис писмено ги известил колегите министри и други меѓународни организации за обврската за патните исправи на Македонија од 12 февруари- објави „пресинг.гр“. Во писмото стои дека на 12 февруари завршува петгодишниот преоден технички рок од Преспанскиот договор за промена на патните исправи со новото име Република Северна Македонија.

Тоа значи дека сите официјални документи и материјали на Cеверна Македонија за меѓународна употреба треба да ја имаат само терминологијата од член 1(3) од договорот од Преспа.

Герапетритис ги повикува министерствата да ги информираат надлежните служби, организации, федерации итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот