Грчки православен свештеник обвинет дека користел апликација за состаноци со хомосексуалци

Грчки православен свештеник во Мелбурн е привремено суспендиран од работа по обвинувањата дека ја користел апликацијата за запознавање хомосексуалци, Grindr, за да се запознава со мажи и да остварува средби со нив.

Архимандритот Џон Христодулос од австралиската архиепископија, познат и како отец Јован Василарис, беше обвинет дека примил „стотици илјади долари“ во донации користејќи ја апликацијата за дружење со хомосексуалци, објави Greekcitytimes.

Весникот „Неос Космос“ цитираше извори блиски до Христодулос за да го негираат извештајот и тврдеа дека станува збор за кражба на идентитет.

Во изјава за медиумите, Архиепископијата соопшти дека спроведува доверлива внатрешна истрага за наводите.

The Advertiser објави дека отец Христодулос ја користел апликацијата Grindr за да разговара со мажи и да им испраќа описи на сексуални дејствија и порнографски слики.

Парохијаните од Грчката православна црква Свети Андреј во Ноарлунга, Јужна Австралија се изјаснија во одбрана на отец Џон Христодулос поради обвинувањата дека водел гаден двоен живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот