Грчевски повика 20 ракометарки за двомечот против Шпанија

фото: Ракометна федерација на Македонија

Селекторот на македонската женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објавува скратениот список на ракометарки повикани за собир за претстојните натпревари против Шпанија во рамките од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

До сега во квалификацискиот циклус нашите репрезентативки запишаа две победи во исто толку натпревари. Во првото коло сениорките запишаа убедлива победа на домашен терен против Азербејџан, а во второто остварија важна гостинска победа против Литванија.

Следното ЕП ќе се организира во Австрија, Унгарија и Швајцарија во периодот од 28 ноември до 15 декември 2024 година.

Скратен список на ракометарки повикани за претстојните натпревари против Шпанија:

1. Јована Мицевска Слатина, Романија
2. Слободанка Кицеска Ѓорче Петров ЖРК
3. Драгана Петковска АЕК Атина, Грција
4. Јована Саздовска Слатина, Романија
5. Сара Ристовска ЦСКА Москва, Русија

6. Ивана Гакидова Коњалти, Турција
7. Сања Дабевска Униреа, Романија
8. Ивана Арсениевска Униреа, Романија
9. Катерина Дамјаноска Ѓорче Петров ЖРК
10. Симона Маџовска Цвикау, Германија

11. Леонида Гичевска Стинта Букурешт, Романија
12. Ангела Јанкуловска Ѓорче Петров
13. Елена Ѓорѓијевска Коњалти, Турција
14. Марија Јанкуловска Ѓорче Петров ЖРК
15. Ива Божиновска Ѓорче Петров ЖРК

16. Ива Младеновска Брест Бретањ, Франција
17. Ана Марија Коларовска Ѓорче Петров ЖРК
18. Јована Кипријановска Самбре Авенуа, Франција
19. Ивана Џатевска Варда КФТ, Унгарија
20. Андреа Седлоска Локомотива Загреб, Хрватска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот