Грчева: Гласаа клиентите на трите големи партии, ВМРО-ДПМНЕ е патрон на Левица

Претседателката на „Глас за Македонија“, Солза Грчева за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 изјави дека на овие избори гласале клиентите на трите големи партии.

-Ова ни беше прво излегување на избори. Сметам дека во услови на епидемијата, крајно неодговорно беше да се организираат избори, не е толку за изборниот ден, колку за предизборните активности, кои ќе не чинат овие бројки што ги гледаме. Второ, луѓето едвај чекаа негде да се мрднат, да прошетаат макар и во рамки на Македонија. Ние знаевме дека нема да има голема излезност и ќе излезат клиентите на трите големи партии, оние кои се задолжени , кои што добивале функции,, рече Грчева.

Таа истакна дека ова е осиромашен народ, што лесно може да биде корумпиран, и материјалтно и морално.

Во врска со партијата Левица на овие избори, Грчева изјави дека партијата имала патрон, а тоа бил партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот