Гравина се заканува дека ќе го исклучи Јувентус од Серија А!

Роналдо би можел да се врати наскоро во Премиер лигата/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Првиот човек на италијанскиот фудбал Габриеле Гравина предупредува дека Јувентус ќе биде исклучен од Серија А следната сезона, доколку не се повлече од Суперлигата.

Јувентус, Реал Мадрид и Барселона се единствените клубови кои официјално не се повлекоа од Суперлигата, отцепениот проект го започнаа пред помалку од еден месец од 12 елитни европски клубови, но пропадна за 48 часа.

Гравина денеска потврди дека „Старата дама“ нема да има дозвола да се натпреварува во Серија А следната сезона доколку не се откаже од натпреварувањето.

– Кога клубовите прифаќаат да учествуваат во италијанската лига, тие ги прифаќаат принципите на меѓународните тела. Евидентно е дека доколку Јувентус не ги прифати овие принципи, ќе му биде забранет влез во домашната лига – рече Гравина на прес-конференцијата.

Гигантите од „Ла Лига“ и Серија А објавија заедничко соопштение во саботата во кое се жалат на „неприфатливи притисоци, закани и прекршоци“ за напуштање на Суперлигата.

– Жал ми е, видов утрово загрижени навивачи, но сите мора да ги почитуваат правилата. Девет клуба решија да се повлечат од натпреварувањето, односно Суперлигата, има уште три учесници инволвирани. Но, се надевам дека овој спор ќе заврши наскоро – додаде Гравина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот