Границата со Египет е отворена, во тек е евакуација на странци и тешко повредени од Газа

Граничен премин Рафах меѓу Египет и Газа/ Фото EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Катар во соработка со САД успеа да постигне договор меѓу Египет, Израел и Хамас за да им се дозволи на странските сопственици на пасоши и на некои тешко повредени лица да ја напуштат опколената Газа, изјави за Ројтерс извор запознаен со договорот.

Договорот им дозволува на имателите на странски пасоши и на некои критично повредени лица да излезат од граничниот премин Рафах меѓу Египет и Газа, иако нема временска рамка колку долго ќе остане отворен за евакуација, додаде изворот.

Договорот не е поврзан со други прашања за кои се преговара, како што се заложниците држени од Хамас, палестинската исламистичка група која владее со Газа или паузите дизајнирани да ја олеснат хуманитарната криза во енклавата, која страда од недостиг на храна, вода, гориво и лекови.

Израел ги испрати своите сили во Газа по неколкунеделно воздушно бомбардирање како одмазда за големиот напад на Хамас на 7 октомври.

Хамас им кажа на посредниците дека наскоро ќе ослободи некои од околу 200-те странски затвореници што ги киднапираше за време на нападот врз Израел, изјави Абу Убаида, портпарол на вооруженото крило на групата Бригади Ал-Касам во видеото на апликацијата Телеграм.

Тој не кажа колку затвореници се притворени или каква националност се. Египет подготви теренска болница во Шеик Зувејд во Синај, според медицински извори. Вчера во Рафах беа испратени десет амбулантни возила.

Израел ја опколи Газа по нападот на Хамас, а ОН и други претставници на хуманитарната помош рекоа дека цивилите во енклавата живеат во катастрофа на јавното здравје, при што болниците се борат да ги одржат во живот повредените додека продолжуваат прекините на струја.

Во средата, комуникациите и интернет услугите повторно беа целосно прекинати во енклавата, рече Палтел, најголемиот телекомуникациски провајдер во Газа.

Според наводи на странски влади, во Појасот Газа има државјани на 44 земји кои работат за 28 агенции или организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот