„Гранде“ Пандев: Навивам за Македонија, сè може да се случи против Италија

пандев
Фото: EPA-EFE/Vadim Ghirda

Поранешниот македонски репрезентативец ја започна сезоната во редовите на Џенова, а оваа зима се пресели во екипата на Парма.

Горан Пандев (38) досега во италијанската Серија Б во дресот на Парма запиша три настапи и еден гол во триумфот над Порденоне (4:1).

Тој е моментно најдобар стрелец во историјата на нашата А селекција, запиша вкупно 38 голови во 122 настапи.

Многу помогна за првпат да се најдеме на само две победи од пласман на Светско првенство, а како што е веќе познато на 24 март му гостуваме на актуелниот европски шампион Италија во полуфиналето од мундијалскиот бараж.

Целата своја кариера „Гранде Пандев“ ја имаше токму на италијанско тло, па во интервјуто за „parmacalcio1913.com“ го сподели своите очекува околу претстојниот дуел.

– Навивам за мојата земја, ќе биде тврд меч, се надевам дека Македонија ќе победи. Сè може да се случи – вели Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот