Граѓаните да си ги платат долговите за данок на имот, ќе следи блокирање на сметките

ФОТО: МИА

До граѓаните на Скопје и до жителите на другите општини во тек е доставување на решенијата за данок на имот и  за фирмарина за 2022 година.

Од Заедницата на единиците на локалната самоуправа ги предупредуваат даночните обврзници дека во овој период ќе следуваат и блокирања на банкарските сметки за неплатени даноци за 2019 година.

Во втората половина на месец април, дел од општините ќе спроведуваат и решенијата за забрана на средства во банка, блокади за неплатени решенија за 2019 година, односно за оние даночни обврзници кои три години не ги платиле своите обврски при што сите даночни обврзници кои должат по овој основ можат најдоцна до 15 април да го подмират својот долг по основ на решенија за данок на имот и по основ на решенија за комунална такса фирмарина без дополнителни трошоци – информираат од ЗЕЛС.

Оттаму ги повикувааат сите физички и правни лица кои го немаат пријавено својот имот на подрачјето на општините или промените на имот, тоа да го сторат во најкраток можен рок, за да ги избегнат глобите за непријавување на имотот кои согласно измените на Законот за даноци на имот од јули 2021 година, се движат од 300 до 10000 евра за правни лица, од 50 до 500 евра за одговорните лица во правните лица, додека за физички лица глобата за непријавување, односно неподнесување на даночна пријава е во висина до 250 евра, пришто следи соодветна прекршочна постапка.

 Во рамките на законските надлежности на локалната самоуправа, општините вршат надзор и контроли врз сите физички и правни лица, со цел законски, правилно и навремено утврдување на данокот на имот со цел овозможување праведно и правично оданочување – велат од ЗЕЛС

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот