„Градски паркинг“ организира отворен ден за зонското во Карпош

Фото: Слободен печат/Анета Стојковска

Поради зголемениот интерес на граѓаните за започнатото зонско паркирање во Општина Карпош, а во рамки на активностите за транспарентност кон граѓаните и корисниците на паркинг услугите, ЈП „Градски паркинг“ в сабота на 16 март, во периодот од 10 до 14 часот, организира отворен ден во просториите на канцеларија Карпош, лоцирана близу Катастар.

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да дојдат и да се информираат околу начинот на работа на ново уредената паркинг зона- Д42, условите за паркирање, категориите на корисници, потребните документи, цените на услугите и слично – велат од претпријатието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот