Градот Скопје ќе ја финансира целосната реконструкција на улицата Скоевска во општина Бутел

Фото: Град Скопје

Советот на Град Скопје на денешната седница расправаше и донесе одлука Град Скопје да реализира голем инфраструктурен проект за целосна реконструкција на улицата Скоевска во Радишани, општина Бутел.

– Проектот ќе се реализира преку меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Бутел, а со истиот се предвидува целосна реконструкција на коловозот на улицата. Улицата Скоевска е една од поголемите улици во населба Радишани која се движи паралелно со магистралната улица Радишанска и е во должина од околу 500 метри – информираат од Град Скопје.

Проценетата вредност на овој проект изнесува околу 24 милиони денари и средствата ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје, додека Општина Бутел ќе учествува во проектот со изработка на техничка документација и решавање на евентуалните имотно правни односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот