Facebook

Градоначалникот на Месина се закани: Без секс до 31 октомври, тешко на секој што ќе го прекрши правилото

Градоначалникот на италијанскиот град Месина, Катено де Лука, познат по своите недипломатски и остри пораки, ги предупреди граѓаните во најновото видео-обраќање од неговиот кабинет да ги почитуваат ограничувањата и забраните воведени во времето на пандемијата на коронавирусот, пренесуваат медиумите.

Тој ги повика граѓаните да ја почитуваат социјалната дистанца дури и во брачниот кревет и забрани секс до крајот на октомври. Де Лука потсети дека не е дозволено групно дружење ниту „романтичен риболов“, што е локален термин за љубовни состаноци.

– Внимавајте ако откријам дека се бакнувате, прегрнувате, а ниту „она другото“ не е дозволено. Засега, на љубовен план, мора да се држиме до тотална апстиненција. Да се разбереме, тешко на оној што ќе го прекрши правилото за апстиненција. И повторувам уште еднаш, до 31 октомври на сила е тотална апстиненција – порачал убедливо Де Лука.

Во своето последно обраќање, тој конкретно им рече на граѓаните на Месина дека мора да се воздржат од сексуални односи и дека дури и дома и во кревет мора да држат растојание од најмалку еден метар.

Порано Де Лука воведе дронови за да контролира дали граѓаните на Месина ја почитуваат забраната за излегување од дома. Дроновите ги надлетуваа не само градските улици, туку и селата и шумските патишта, а беа опремени со звучници преку кои градоначалникот налутено им се обраќаше на оние што беа надвор, а не смееја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот